сабота, 19 октомври 2024

По осум години Русија повторно меѓу првите десет најголеми светски економии

Објавено на

часот

Сподели

Русија во текот на минатата година произвела стока и услуги во вредност од 2,3 трилиони американски долари, што ѝ овозможило да го заземе осмото место во светот според тој показател, пренесува Сибиз.

Последен пат меѓу првите десет најголеми светски економии Русија беше во 2014 година, кога беше на деветтото место.

Минатата година беше на 11 место.

Најголема економија во светот минатата година беа Соединетите Американски Држави со номинален бруто домашен производ (БДП) од 25,46 трилиони долари.

На второто место е Кина со 17,94 трилиони, а на третото Јапонија со 4,17 трилиони долари.

Германија остана на четвртото место со БДП од 4,07 трилиони долари, на петтото е Индија со 3,4 трилиони долари, Британија ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони, а Франција била седма со 2,78 трилиони долари.

Русија за првпат во историјата го зазема второто место меѓу најголемите извозници.

На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија паднала две позиции и стигнала на десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари. Јужна Кореја излезе од првите десет и сега е на 13 позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ