„Врз основа на статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во својство на претседателка на собранието на Друштвото на писателите на Македонија, свикувам вонредно изборно Собрание за ден 25.11. 2023 година, поради актуелна состојба“, напиша денеска Николовска на фејсбук страницата на Друштвото.
Инаку, вчера писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Оставката на Петрески доаѓа откако минатата недела осум писатели поднесоа оставки од членство во претседателството на ДПМ. Оставки, како што беше соопштено, поднесоа Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска, Александра Јуруковска и Бранко Цветковски. Неколкумина членови на ДПМ со обраќања преку Фејсбук побараа промени во писателската организација, а Фросина Пармаковска вонредни избори.