петок, 10 јануари 2025

По одигрување на првото коло во 2025, КФМ ќе почне со инспекција во салите

Кошаркарската федерација на Македонија ги извести клубовите дека ќе почне со инспекција на салите со цел да се утврди дали ги исполнуваат сите услови за натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Реакцијата на федерацијата доаѓа по барањето на Пелистер за исполнување на условите за одигрување на натпреварите од Првата лига. КФМ соопшти дека викендов ќе се одигра предвиденото коло, а потоа ќе нема попуст за никого.

„Кошаркарската Федерација испрати известување односно потсетување до клубовите кои се натпреваруваат во Првата МТЕЛ лига мажи, за почитување на Пропозициите за натпреварување за натпреварувачка сезона 2024/2025 во целост.

Кошаркарската Федерација ќе спроведе вонредна инспекција во салите кои се пријавени пред почетокот на сезоната, по одигрување на првото коло во новата календарска 2025 година (закажано за претстојниот викенд) за уште еднаш да ги потврди условите согласно Пропозициите за натпреварување за тековната сезона. Сите недостатоци кои ќе бидат забележани од страна на делегатите на натпреварите ќе бидат земени предвид.
Ќе бидат одржани и низа на состаноци со претставниците на сите сениорски лиги за да се спречат понатамошни манипулации со условите за игра.

Клубовите кои се натпреваруваат во овој степен на натпреварување добија финансиска поддршка од Министерството за спорт со исплаќање на државните субвенции како и со дополнителната распределба на средства од игрите на среќа, финансиски средства кои Федерацијата не ги доби. Дополнително, истите се и ослободени од котизација за учество во лигата благодарение на спонзорот на лигата што раководството го обезбеди пред почетокот на натпреварувачката сезона. Клубовите се доволно финансиски ситуирани за да ги исполнат сите услови за нормално функционирање на една професионална кошаркарска лига во рамки на највисокиот степен на натпреварување поради што сметаме дека повеќе не постои простор за толерирање на неисполнетост на техничките услови за одржување на еден натпревар.

Воедно, клубовите кои не ги исполнија или делумно ги исполнија финансиските обврски кон КФСМ добија рок за комплетирање на долговите. Во спротивно истите нема да бидат делегирани.

Раководството на Федерацијата во најбрз можен рок повторно ќе организира конференција за претставниците на медиумите на која како и минатиот пат транспарентно ќе биде информирана јавноста за работата на Федерацијата како и за сите останати информации за тековниот период за кои Федерацијата смета дека јавноста треба да е запознаена.

Ја поздравуваме иницијативата на КК Пелистер која апсолутно се сложува со ставовите на федерацијата за обезбедување на еднакви услови од страна на сите инволвирани страни“, стои во соопштението на Кошракраската федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ