сабота, 27 јули 2024

По налог на Владата, Трудовиот инспекторат вонредно ќе го контролира Синдикатот на контролорите на летање во М-НАВ

Владата на денешната седница донела одлука да го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден надзор врз, како што пишува во владиното соопштение, работењето на синдикалните организации во рамки на Македонска навигација (М-НАВ).

Објавено на

часот

Сподели

„Владата ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата. Владата воедно го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје и за истото да ја информира Владата“, пишува во известувњето на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ