сабота, 27 јули 2024

По налог на обвинителството, Незири на распит во полиција

Беким Незири член на партијата  ДУИ и „вечен“ државен функционер, сега вработен во Македонска навигација (М-НАВ) и осомничен дека ги пуштил напаѓачите во радарската соба каде претепале контролор на летање додека бил на работна задача во моментов е во полиција, ја потврдија информацијата на МКД.мк од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во М-НАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н.“, одговорија кусо од МВР.

Целокупната јавност е на нозе откако кулминираше ситуацијата во М-НАВ откако синдикатот на контрола на летање реши да преземе решителни чекори и гласно да проговори за сомнежите за партиски вработувања и можните криминали што се случувале во оваа државна институција низ годините наназад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ