По повод трагедијата на Цетиње, каде на 1 јануари во крвавиот поход на 45-годишен напаѓач беа убиени 12 лица, претседателот на црногорската влада свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.
Советот се фокусирал на клучните предизвици во откривањето и запленувањето на нелегалното оружје и предложил низа мерки насочени на борбата против криминалот и заштита на граѓаните.
„Ова беше најтешкиот Совет за национална безбедност и поради темата и проблематиката која ни се случи. Мислам дека првенствено е битно во вакви ситуации да се обединиме како нација“, кажа Спајиќ.
Истакнувајќи дека злосторството на Цетиње го извршил „медицински феномен, човек со психијатриски проблеми“, Спајиќ кажа дека овој случај нема врска со верски ниту со национални елементи.
Тој ги пофали црногорските медиуми, здравствените установи и полицијата за професионалната реакција.
„По анализата на состојбата имавме повеќе заклучоци што треба да се прави во наредниот период“, кажа Спајиќ и додаде дека тоа пред сè се однесува на поседувањето оружје во Црна Гора.
„Сите кои поседуваат оружје мора да поминат најригорозни проверки во Европа за да го задржат своето оружје. Тоа се однесува и на сите ловечки друштва, кои мора да ги обноват дозволите“.
Додаде дека смета дека треба да се затворат сите приватни спортско-стрелачки друштва. „Што се однесува до нелегалното оружје, веќе ја имаме кампањата „Почитувај го животот – врати го оружјето“. Но, ако не го предадат нелегалното оружје во тој од два месеци, ќе бидат драконски казнети“, истакна Спајиќ.
Кажа дека по тој ток на сила треба да стапи новиот закон за оружје според кој секое нелегално носење или поседување оружје ќе биде казнето со највисоки казни.
„Кон тие луѓе нема да има милост“, истакна црногорскиот премиер.
Истакна дека полицијата на Црна Гора има недостиг од луѓе, односно недоволен број оперативни полицајци на терен и дека тоа мора да се смени.
Ацо Мартиновиќ на 1 јануари во попладневните часови на Цетиње со огнено оружје уби 12 луѓе, од кои две деца, додека четири лица тешко рани. Мартиновиќ по повеќечасовното бегство изврши самоубиство. Владата на Црна Гора поради трагедијата на Цетиње ги прогласи 2,3 и 4 јануари за денови на жалост.