сабота, 27 јули 2024

По Лувр поради закана за бомба затворен е и Версајскиот дворец

Версајскиот дворец попладнево се евакуира поради закана за бомба, дознава Франс прес од полициски извори.

Објавено на

часот

Сподели

Заканата за бомба дојде преку анонимна порака на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, изјави извор за Франс прес.

Парискиот музеј Лувр веќе беше евакуиран поради закана од напад.

Музејот соопшти дека неговото затворање за посетители е поврзано со одлуката на владата да ја стави Франција во состојба на готовност по нападот со нож во петокот во училиште во Арас, на северот на земјата, каде што вооружен напаѓач уби наставник и рани уште тројца.

Париската полиција соопшти дека го проверува Музејот, кој е опкружен со кордон.

Лувр, дом на ремек-делата како што е Мона Лиза, има до 40.000 посетители дневно.

Загрижена за последиците од војната во Израел врз Франција, владата го подигна нивото на тревога на „закана“ и распореди 7.000 војници на јавни места низ целата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ