сабота, 27 јули 2024

По ланската средба на Талат Џафери со чеченецот Нијазов, за Ахмат Кадиров бил ветен споменик во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

За ова денеска на својот фејсбук профил пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антпонио Милошоски.

На чело на чеченската делегација бил Абдул-Вајед Нијазов, марионета на Кремљ во тамошниот Исламски културен центар”, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението Муслиманите во поддршка на претседателот Путин”.

Гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово каде објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Чеќенската Република и носител на орден “Херој на Русија”. Инаку Ахмат Кадиров е татко на сегашниот деспотски шеф на Чеченската Република, Рамазан Кадиров, кој со неговите војници ревносно му помага на претседателот на Русија во инвазијата врз Украина, често извршувајќи ги најбруталните операции.

Во чест на милениците на Путин од Чеченската Република бил организиран и свечен ручек во елитниот хотел Буши” во Скопје, но нема информација дали сметката е платена од буџетот на Собранието или платил некој друг. На собраниската веб страница нема информации за овој настан, но за среќа во Агенциите за безбедност има детални извештаи“, напиша Милошоски.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ