понеделник, 13 мај 2024

По критики од Украина српскиот актер Милош Биковиќ исфрлен од серијата „Белиот лотос“

Ејч-би-о (HBO) го отпушти српскиот актер Милош Биковиќ од третата сезона на познатата серија „Белиот лотос“, по бројни критики поради неговите про-руски ставови, известува Варајети.

Објавено на

часот

Сподели

Биковиќ, кој има руско државјанство од 2021 година, постираше на социјалните мрежи дека има „таргетирана“ кампања против него и дека неговото отпуштање може да постави опасен преседан за уметничката слобода. Тој сподели дека не посакува војна никому, особено како некој што израснал во Белград, кој бил бомбардиран кога тој имал 11 години.

Изминатата недела Министерството за надворешни работи на Украина објави видео на Х (поранешно Твитер), во кое се објаснуваат проблематичните ставови на Биковиќ. ВО истата објава, министерството директно го прашаа „Ејч-би-о“ дали сакаат да „работат со човек кој поддржува геноцид и го прекршува меѓународниот закон“.

Во видеото постирано од министерство за надворешни работи на Украина се потенцира оти Биковиќ има снимано филмови во Крим и дека смета дека Крим треба да е во Русија. Тој има добиено и орден од Путин. Во својата кариера има соработувано со Никита Михалков, режисер кој е тесно поврзан со режимот на Путин.

Актерот ја нема директно критикувано Русија околу нејзината инвазија во Украина. На пост на инстаграм ден по почетокот на војната тој изјави дека посакува „да нема војни“. Во интервју во 2022 година рекол дека се надева дека преговорите за мир ќе постигнат резултати, повторно не критикувајќи ја Русија директно. Според видеото постирано од украинското министерство за надворешни работи, тој рекол дека „Русија само се движи по својата траса, а светот го гледа како агресивен и непријателски процес“.

Мета

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ