По израелските напади на Либан, тројцата македонски мировници во мисијата на ОН се безбедни
Македонските мировници се неповредени и безбедни откако израелската војска вчера ги нападнала позициите што ги користат мировниците на Обединетите нации во Либан. Од Министерството за одбрана на Македонија потврдија дека тројцата македонски мировници во Либан се добро.
Мисијата на УНИФИЛ објави дека двајца нејзини мировници се повредени кога израелски тенк пукал кон караула во главното седиште на силите во Рас ал-Накура. Притоа била погодена кулата и мировниците паднале.
„Секој намерен напад врз мировниците е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Во контакт сме со израелската војска“, објави УНИФИЛ.
Внатрешните сили на ОН во Либан моментално имаат околу 10.000 мировници од 50 држави.
Објавено на
часот