петок, 18 октомври 2024

По Ѓоковиќ и брачниот пар Бекам купува куќа на црногорското приморје

Објавено на

часот

Сподели

Вилата на Викторија и Дејвид Бекам е во близина на Тиват во градот Доња Ластва. Вилата е изградена во четири основни нивоа кои меѓусебно се поврзани со лифт, а во дворот, покрај базенот, има и градина украсена со разни растенија, а најинтересно е што во него се наоѓа и дрво маслинка стара помеѓу 800 и 1.000 години.

Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба, од која се пружа волшебен поглед на градот и морето, кујна и седум соби, теретана и многу други забавни содржини.

н

И Новак Ѓоковиќ неодамна купил вила со приватна плажа во луксузната населба Љута во Бока Которска. Српскиот тенисер купил имот во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој му помогнал во изборот семејната летна резиденција.

Како што пишуваат српските медиуми, вилата е во одлична состојба, но Новак и Јелена сакале да ја уредат по свои стандарди и имале некои посебни барања и во тек се работите околу уредувањето на објектот.

Вакви вили на тој дел од црногорското приморје чинат повеќе од еден милион евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ