понеделник, 20 јануари 2025

По фаќањето на крстот, денеска во Охрид – традиционалното капење на рибарите

Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и денеска на празникот Собор на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Охридското Езеро.

Објавено на

часот

Сподели

Славењето на Свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов.

Тој чин со кој рибарите го прославувале почетокот на излов на риба од езерото, со оглед на забраната за риболов, во последно време се одбележува со капење на православните верници од градот, и тоа без исклучок предводени од тајфата на оној што ќе го фати чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа е дружината на Мартин Гоџоски.

Манифестацијата и оваа година се одржува на месноста Сараиште, со културно-забавна програма, староградска музика, греано вино, топла ракија, пача, плашици…

Организацијата на манифестацијата и за Денот на рибарите веќе неколку години е на локалната самоуправа заедно со Дебарско-кичевската епархија, а во насока на нејзино збогатување што ги придонеле за што поголема масовност и посетеност на гости во градот за празникот Богојавленски водосвет.

Инаку, празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат светиот крст.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ