сабота, 18 мај 2024

По една година мостот „Беласица“ во Скопје отворен е за сообраќај

На мостот „Беласица“ во Скопје од вчера пуштени се за сообраќај сите четири ленти. Лани на 12 мај мостот беше опожарен, кога целосно изгоре инсталацијата поставена под мостот. Од Град Скопје нема официјална информација за резултатите од пробното товарење на мостот извршено од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Објавено на

часот

Сподели

Пред десет дена експертите на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени извршија пробно товарање на мостот, при што беа поставени шест камиони со вкупна тежина од 216 тони. Првите изјави на одговорните лица на Институтот беа дека мостот е безбеден, без сериозни оштетувања, но дека треба да се направи лесна санација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ