сабота, 27 јули 2024
Реакција

По Џафери и Арсовска, ни ЈП Паркови и зеленило не се надлежни за тревата во Влада

Ниту ЈП Паркови и зеленило немало склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата, информираат од таму по реакциите во јасноста и кавгата помеѓу техничкиот премиер, Талат Џафери и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа кој треба да ја искоси тревата во дворот на Владата. Градоначалничката на Скопје, Арсовска пред три дена на Џафери му порача дека ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Претходно Џафери посочи дека Скопје и ЈП Паркови и зеленило не ја искосиле тревата во дворот на Владата и тој личи на џунгла.

Фото СКД.мк и фотомонтажа од принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, велат од ЈП Паркови и зеленило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ