сабота, 27 јули 2024

По дождот нема пожари на отворено, велат од ЦУК, но предупредуваат дека шумите уште се суви

Во последното деноноќие пожари на отворено нема, но врнежите не беа доволни и треба да се внимава во наредниот период, велат од Центарот за управување со кризи – ЦУК во утринскиот извештај. Во текот на вчерашниот ден, според извештаите добиени од институциите во државата, во последното деноноќие нема регистрирано  пожари на отворено, до утрово. Но, според искуството на пожарникарите, нагласуваат од ЦУК, врнежите не се доволни па ако времето пак затопли, треба да се внимава таму каде што ќе има чад, да се контролира и брзо да се реагира заогнот да не премине во шума, зашто при ветер се разгорува и освен што ќе гори шумата, во таков случај ќе бидат загрозени и блиските населби, села и градови. 

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК апелираат итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на единствениот телефонски број 112  во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.

„ЦУК неодминливо посочува дека голема улога за превенцијата од опасности имаа и ја остварија медиумите, како општествено одговорни чинители во општеството, што континуирано во текот на целата година ги елаборираа темите за опасностите и непогодите, а не само во сезоните кога тие се најчести. Така ја зголемија јавната свест за потреба од брза реакција при вакви и слични случаи што се важни за колективната, а и за индивидуалната безбедност на граѓаните, за чување на материјалната добра и природните богатства во текот на целата година, а не само во периоди додека елементарните непогоди се случуваат“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ