сабота, 21 декември 2024

По дождот пожарот во Мариово е под контрола, велат од ЦУК, гори кај Петровец, Кичево и Демир Хисар

По седумдневна борба со огромниот пожар во Мариово, со периметар на огнот од над 100 километри и должина од 30 километри, обилниот дожд што заврна во тој регион го стави пожарот под контрола на пожарникарите. И утрово, во билтенот на Центарот за управување со кризи, пожарот во Мариово е ставен во категоријата „пожари под контрола“. Во моментов активни се три пожари на отворен простор.

Објавено на

часот

Сподели

И натаму по повќе денови, гори нискостеблеста шума во скопскиот атар на територијата на Општина Петровец помеѓу селата Градманци, Брезница и Катланово. Активен е и пожѓарот кај селото Арангел во киевскиот крај, а гори и во Општина Демир Хисар кај селото Сопотница.

Од ЦУК велат дека под контрола се мариовскиот пожар и тоа во прилепскиот регион кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица, Волково, Штавица, Прилепец, Чумово, Селце, Лениште, Беловодица, Смолани и Дрен. Гори ннискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Пожарот кај месноста Дервен во Општина Прилеп е под контрола, како и кај прилеското село Дрен. Под контрола е и пожарот кај селото Десово во Општина Долнени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ