сабота, 27 јули 2024

По девет години беше започната реконструкцијата на Универзална сала, по месец и пол оган ја уништи

На 21 февруари годинава, владини министри и лидерот на СДСМ како  свежо ослободен од премиерската функција, лица од градот и други јавни личности се беа собрале пред објектот на Универзалната сала за да видат и да дадат изјави како започнува реконструкцијата на овој култен објект за Скопје. Цели девет години Универзална сала немаше гости и пропаѓаше од ден на ден се повеќе и повеќе. Мувла ја гризеше салата одвнатре, челикот рѓосуваше, дрвото скапуваше. Беше небеззбедно да се влезе. А и градежни фирми кои сакаат да се вклуат во реконструкцијата, изразуваа сомнежи…

Универзалната сала изградена по земјотресот

Објавено на

часот

Сподели

Две години претходно, Град Скопје се откажа од реконструкцијата започната во 2021 година од претходната градска власт. Од Градот рекоа дека немаат пари ниту каацитет да го вратат сјајот на Универзална сала. Владата донесе одлука Министерството за култура да се зафати со реконструкцијата и потоа да ѝ ја врати Универзална на Град Скопје.

И така некако дојде 21 февруари кога се нарави и таа свеченост со присуство на функционери.

Проектантот Бујар Муча изјави дека ќе биде задржан автентичниот изглед, дека салата ќе биде модерна внатре, но рече и дека посетителите ќе го имаат истото чувство како некогаш.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска потсети дека Универзалната сала е архитектонски и културен симбол на Скопје, дека има емотивна вредност и за скопјани и за публиката и дека салата му недостига на Скопје, дека им недостига на уметниците и на културните работници. Имаме средства и проект за непречена реконструкција во наредните три години, рече министерката тогаш.

Генерации и генерации ќе уживаат во годините кои доаѓаат во настаните коишто тука, во Универзалната сала ќе се организираат, рече Ковачевски, во чие време како премиер Владата ја презеде обврската од Градот Универзалната сала да се врати во живот.

За реконструкцијата на Универзалната сала беа обезбедени вкупно 120 милиони денари. За 2025 година се обезбедени 443 милиони денари и истата таа сума се предвидува и за во 2026 година. Така беше речено на 21 февруари.

Денеска министерката за култура рече дека Универзална сала е осигурана и дека од наплатата од осигурувањето ќе биде санирана материјалната штета.

И, како што секогаш во јавноста се раѓаат разни сомнежи, така уште вчера МКД.мк пишуваше дека кај дел од градежните фирми се роди незадоволство од тендерот за реконструкција на Универзална сала за втора фаза, со рок до 14 април (годинава, значи за некој ден).

Дел од градежните компании реагираа на начинот на кој е дефиниран тендерот и се сомневаат на фаворизирање на една компанија. За нив некои од условите пропишани за овој тендер во најмала рака се чудни, зашто според нив, рокот од 30 дена за тендерот е кус за да се изврши увид во досегашните работи и потребниот обем на работа во наредниот период, а од дел од другите услови, според нив, произлегува дека треба да се има и странски парнер.

Инаку, првиот дел од таа реконструкција веќе е договорен со фирмата Универзал Балкан од Скопје.

Но, сето тоа сега оди во втор план, бидејќи оган ја прекина доссегашната реконструкција, а допрва треба да се видат размерите на штетата и од каде би можело да се продолжи откако ќе се отстранат изгорените материјали и секако, откако ќе се провери конструкцијата и статиката.

Најважно од се е што, барем според тоа што беше официјално соопштено, дека претпладнево немало никој во Универзална сала.

Фото: Внатрешноста во убавите времиња

А, внатрешноста на Универзалната сала кога таа беше во добра кондиција и во добрите времиња изгледаше навистина убаво.

Останува надежта дека Универзална сала веќе еднаш ќе биде реконструирана и ќе им биде вратена на граѓаните и на уметниците.

Тоа го посакуваат сигурно и земјите кои донираа пари за нејзина изградба по земјотресот од 1963 година. Универзална сала е симбол на светската солидарност со Скопје.

П.Џ.

И, за крај, еве ја солидарноста на светот со Скопје, „црно на бело“, по азбучен ред, почнувајќи од Авганистан, завршувајќи со Чиле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ