сабота, 26 октомври 2024

По целовечерната потрага, пронајдена е берачката на печурки во Охрид

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од РЦУК Охрид станува збор за жена од село Горно Средорече која се изгубила вчера во 20:40 часот

„Сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информираше дека биле задно да собираат  печурки на различни локации низ шумата. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила. Во потрага по исчезнатата беше вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатата. За дел од трагачите потрагата траеше до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останаа на терен. Утрово во пет часот сите екипи излегоа на терен, по што за кратко време изгубената жена беше пронајдена“, информираа од РЦУК Охрид.

Жената е во добра здравствена состојба, информираат од РЦУК Охрид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ