сабота, 27 јули 2024
Шпанскиот голман го напушта Олд Трафорд како вистинска легенда

По цели 12 години, Давид де Хеа си замина од Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Давид де Хеа беше на чекор до потпишување на нов договор, но Манчестер јунајтед во последен момент се предомисли и го повлече понуденото.

Шпанскиот голман денеска го објави своето заминување од Манчестер јунајтед, а веднаш потоа и клубот ја објави разделбата.

Тој на Олд Трафорд пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид, имаше 545 настапи, на 190 од нив не прими гол. Двете бројки се рекордни во Манчестер јунајтед. Заминува како вистинска легенда.

Нов голман на Манчестер јунајтед ќе биде Андре Онана, преговорите со Интер се во завршна фаза, неговиот ангажман наскоро и официјално ќе биде објавен.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ