„Станува збор за преносен капацитет што ЕСМ-Подружница ХЕС Маврово го користи за сопствени потреби, а преку истиот далекувод, со електрична енергија се напојуваат жителите од селата Никофорово, Леуново, Маврови Анови и село Маврово. Екипите на ХЕС Маврово го лоцираа дефектот и интензивно се работи на негова санација. Зафатот се одвива на непристапен планински терен на кој и во моментов има силни снежни наноси и снежна покривка од преку 80 сантиметри“, пишува во одговорот на ЕСМ испратен до редакцијата на МКД.мк.
По цел еден ден, Маврово доби струја, ЕСМ сѐ уште работи на отстранување на дефектот
Поради силен ветер и снежни наноси во реонот на Маврово, синоќа околу 23 часот е оштетен 35 киловолтен далекувод Вруток-Бела Вода-Врбен, ја потврдија информацијата на МКД.мк од Електростопанство на Македонија (ЕСМ). Во меѓувреме, по 17 часа мавровчани добија струја по алтернативен пат, но ЕСМ сѐ уште работи на отстранување на дефектот.
Објавено на
часот