среда, 15 јануари 2025

По бурните случувања, Јусуф Зејнели е избран за ректор на Тетовскиот универзитет

Објавено на

часот

Сподели

„Право на глас имаа вкупно 334 членови на наставно-научните совети на факултетите. Во текот на гласањето, правото на глас го искористија 302 избирачи, при што кандидатот Јусуф Зејнели доби 260 гласа, кандидатот Башким Зибери 14 гласа, кандидатот Миќереме Руси 1 глас, кандидатот Дервиш Алими нула гласови и 27 гласови се неважечки“, соопштија од Универзитетот во Тетово.

Согласно статутот, професорот Јусуф Зејнели е избран за ректор за следниот тригодишен мандат 2023-2026 година.

На овој избор претходеше бурна расправа. Тројцата од четирите кандидати за ректор на ТУ се повлекоа од трката. Миќереме Руси, Башким Зибери и Дервиш Алими излегоа со заедничка одлука образложувајќи дека професорите се соочуваат со големи политички притисоци за да гласаат за единствениот кандидат кој остана, Јусуф Зендели, за кого велат дека неговиот избор е наместен.

Тие обвинуваат за притисоци преку академските единици, за чести посети на факултетите на противкандидатите од страна на претседателот на сенатот и в.д. ректор, уцени, за индивидуални повици до наставниците, политички притисоци врз професорите, нивните семејства. Понатамошното учество на оваа трка само би го легитимирал овој процес кој е сѐ освен слободна академска трка“, изјави Башким Зибери.

Руси, Зибери и Алими бараат од МОН разрешување на претседателот на сенатот, Вулнет Ахмети, и членовите на сенатот, разрешување на в.д. ректорот Куштрим Ахмети и избор на в.д. аполитичен ректор за да се реализира процесот на избор на новите органи. На ова министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговори дека немаат право да се мешаат во внатрешните избори на универзитетите, но вети дека инспекторатот ќе го следи процесот.

Медиумите на албански јазик деновиве објавуваа дека партијата мести свој кандидат за ректор на овој универзитет.

Од Тетовскиот универзитет соопштија дека процесот за избор на ректор се одвива нормално, повлечените кандидати биле вклучени и сертифицирани во овој процес, ги претставија своите програмски платформи, учествуваа во јавни дебати и се придржуваа до агендата на овој процес.

За овој случај се јави и ДУИ со соопштение. „Во овој период кај нас се спроведуваа изборни процеси во 4 јавни високообразовни установи согласно универзитетската автономија. За жалење е тековната медиумско-политичка кампања против Универзитетот и апелираме на итен прекин на кампањата и институционално отфрлање на каква било загриженост од која било партија. Ги повикуваме професорите и раководните органи на Универзитетот во Тетово строго да го следат и почитуваат Законот за високо образование, особено членот 97, како и статутот на Универзитетот во Тетово во точното спроведување на изборниот процес во институцијата и да овозможи целосна транспарентност на датумот конкурс 31 мај 2023 година за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за мандатот 2023-2026 година.

Исто така, ги повикуваме сите кандидати за ректор да ги изнесат до надлежните органи, пред сѐ до Државниот инспекторат за просвета и другите органи, евентуалните неправилности доколку има докази за различни влијанија, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ