сабота, 27 јули 2024

По бројните скандали по светот, Леонардо потпиша договор за 8 хеликоптери и со Македонија

Досието на Леонардо, италијанската компанија од воената индустрија и нивните договори за набавки со многу земји често се пропратени со бројни скандали поврзани со корупција на високи политички претставници на државите. Македонија неодамна објави дека ќе набави четири воени хеликоптери токму од Леонардо.

Објавено на

часот

Сподели

Сите овие скандали од последните две децени досега предизвикаa сериозна меѓународна загриженост за внатрешниот режим на усогласеност на компанијата со вообичаените стандарди при вакви стратешки договори.

Во 2022 години се отвори скандалот со набавката на авиони за обука и корвети М-346 на Колумбија, зделка вредна 4 милијарди евра. Истрагата на обвинителството во Неапол заврши со наоди од понудено мито од 80 милиони евра за да се помогне договорот. Oвој случај сè уште не е завршен.

Во текот на изминатите 10 години Леонардо се соочи со низа обвинувања за незаконити зделки. Во 2013 година компанијата беше осомничена за подмитување на официјални лица во Јужна Кореја за да се обезбеди продажба на нејзините хеликоптери AW-135, а целиот случај во 2016 година заврши со пресуди против владин министер и двајца службеници.

Во 2014 година индиското Министерство за одбрана го откажа договорот вреден 624 милиони американски долари со Финмеканика (Finmeccanica), новото име на Леонардо, за купување на 12 AW-101 VVIP хеликоптери. И тука имаше сомневања за корупција.

Во 2016 година, компанијата претходник на Леонардо, беше принудена да го раскине договорот со Панама откако Врховниот суд на оваа држава пресуди дека со договорот со италијанската компанија имало злоупотреби за да се добијат лични придобивки од недозволена природа, а не за јавен интерес.

Во октомври 2022 година, Комисијата за искоренување на корупцијата на Индонезија пресуди дека регионалниот шеф на хеликоптерскиот оддел ја преферирал италијанската компанија Леонардо со измама на државата од речиси 40 милиони долари.

Во 2017 година, норвешкиот Совет за етика, кој детално ги проверува бизнис зделките и инвестициите од државниот државен фонд на земјата, ја стави компанијата Леонардо под опсервација поради загриженоста за корупција.

Индија го откажа договорот за хеликоптери вреден 753 милиони долари со италијанскиот одбранбен гигант Финмеканика по обвинувањата за корупција, сооштија официјални лица. Договорт се однесуваше за 12 луксузни хеликоптери за превоз на ВИП личности.

Италијнскиот производител, кој неколку пати го менувал името, бил инволвиран во корупциски скандал и во Белгија, однодно компромитирале две партии – дел од тамошната влада за да им помогнат да го добијат тендерот за набавка на борбени хеликоптери за белгиската армија.

Првите луѓе на италијанскиот гигант судот во Милано ги прогласи за виновни бидејќи нуделе мито за да добијат тендери. Поништувајќи ја пресудата на понискуот суд, во која се вели дека корупцијата не може да се докаже, апелацискиот суд ги прогласи Џузепе Орси, моќниот поранешен управител на Финмеканика и Брино Спањолини, раководител на секторот за хеликоптери Агуста Весленд завиновни за меѓународна корупција и перење пари.

Компанијата сега е пред сериозни предизвици да ги увери своите стратешки партнери и клучни клиенти дека сите овие скандали се надминати и дека Леонардо останува да биде доверлив партнер со кој може да се работи.

Токму со оваа компанија Македонија неодамна потпиша договор дека ќе набави осум хеликоптери Агуста 149 и 169 вредни 327 милиони евра.

За Министерството за одбрана на Македонија токму оваа компанија има најсоодветни перформанси да ја обезбеди земјата со осум хеликоптери.

Леонардо и познато име и во Македонија. Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски токму со оваа компанија склучи договор за набавка на радарски системи, по што Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќаше високи камати. Предметот се затвори, но остана отворено прашањето што прави Македонија со таа опрема и каде се наоѓа?

За Министерството за одбрана нема ништо спорно во склучувањето на договор со фирма која и кај нас и во светот се поврзува со коруптивни скандали. Од МО велат дека Леонардо биле одбрани по тригодишни експертски анализи на пазарот.

„Критериуми по кои се вршени анализите се: однос на цена на набавка, техничко одржување и техничка поддршка, достапност на резервни делови, достапност на специјален алат за одржување,  цена на оперативна употреба, животен век и идна перспективност…“, велат од МО.

Интересно е и тоа дека тригодишните експертски анализи завршија токму сега, 100 дена пред изборите.

Буџетот за одбраната годинава го надмина прагот од 2 проценти од БДП, односно изнесува 2,05% или околу 327 милиони евра. Една третина од одбранбениот буџет е наменет за модернизација и опремување на Армијата со што Македонија ги исполни двата критериуми на НАТО- Алијансата за буџетирање на одбраната – минимум 2 проценти од БДП за одбрана и најмалку 20% од овие средства за модернизација.

A.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ