сабота, 21 декември 2024

По Белград, Груби и Курти го најавуваат „албанскиот Мајдан“ и во Македонија

Ироничниот фејсбук-пост на пратеникот Иван Стоилковиќ за изјавите на албанските политичари за можниот атентат врз Курти во организација на Белград и за руското влијание на Балканот и вина за сè она што се случува во земјата (Артан Груби), го најави „албанскиот Мајдан“ во Македонија по очeкуваниот пораз на ДУИ на изборите на 8 мај. Оваа изјава се надоврза на изјавите на авторитарни регионални безбедносни експерти за тоа дека дејствата на либералната опозиција во Србија се копија на настаните на украински Евромајдан во 2013/2014 година.

Објавено на

часот

Сподели

„За подготовките за ‘aлбанскиот Мајдан во Македонија’ и за убиството на Курти од Кобајаги во Македонија – многумина со одреден степен на интерес и сомнеж ги примаат изјавите на албанските политичари во регионот, како онаа на вицепремиерот на македонската Влада, Артан Груби, кој тврди дека Русија е виновна за сите проблеми во Македонија и регионот, а не нивниот криминал и корупција. Таква е и изјавата на Албин Курти дека кругови од Белград му се заканувале со атентат, иако тој неколку пати политички се ‘убил’ со своето однесување и постапки. Сè на сe, циркусот Медрано, на кој сè повеќе наликуваат постапките на албанските лидери во регионот, продолжува. Меѓународната заедница и натаму се однесува ‘нисам одавде’.  Но, прво да се вратиме на Груби. Изјавата со која се обвинува Русија може да се гледа поинаку, со оглед на вмешаноста на украинските структури, по убедливата победа на Српската напредна странка, која го снајде Белград, со оглед на тоа што е сè поочигледно дека оваа политичка структура оди во опозиција. Некако сè повеќе наликува на подготовка за постизборниот ‘албански мајдан во Македонија’ за да се заштитат од кривично гонење поради огромен криминал и корупција, кои освен што ги покриваше досегашната неказнивост и големоалбанскиот шовинизам, нема друга основа. Дали ќе се воспостави правда, останува да видиме по скорешните македонски избори, а потоа делови од меѓународната заедница ќе се покажат во вистинско светло“, напиша Стоилковиќ вчера по изјавата на Курти дека во Скопје му се подготвувал атентат во организација на Белград.

По декемвриските избори во Србија, безбедносните екперти укажуваа на тоа дека сценариото за немири било однапред напишано, бидејќи, според резултатите, за тоа немаше реални предуслови. Протестите одеднаш станаа агресивни. Имаше напад врз административни згради. Опозициските лидери почнаа да се прикажуваат како жртви на режимот. Веќе видено сценарио, велеа тие.

А за ова имаше добра подготовка. Украина одржува блиски врски со претставниците на прозападните сили во Србија. На Балканот, особено во Србија, постои широка мрежа на украински невладини организации финансирани од Запад кои го промовираат украинското искуство во борбата за „европска демократија“. Оваа хоризонтална структура е управувана од „Балканско-украинската мрежа за соработка“ со активно учество на амбасадата на Украина во Белград.

Во ова невладино движење во втората половина од минатата година се приклучија и српско-украински фондови „Атина“, „Чини добро“, „Центар за стратешка анализа“, како дел од таа „Балканско-украинската мрежа за соработка“. Тогаш веќе беше јасно дека во декември во Србија најверојатно ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Почна организацијата на семинари, тркалезни маси, обуки, јавни настани поврзани со промоција на „европските вредности“, „демократијата“ и потребата од борба против елементите на авторитаризмот.

Еден од главните настани се одржа во декември, меѓународниот културен форум „За прв пат: Србија, Украина и Полска“. Организатор беше украинската амбасада во Белград, а настанот се одржа во белградскиот Центар за културна деконтаминација, организација поврзана со фондацијата Отворено општество и фондацијата Рокфелер. Обуките и мастер-класовите со гости од Киев и Варшава беа на тема борбата на источноевропските народи за демократски европски идеали и слобода.

Потоа дојде и поддршката на киевските власти на постизборните демонстрации во Белград. Украинскиот амбасадор во Белград Володимир Толкач на 23 декември остро ги осуди експертите кои радикализацијата на протестите ја нарекуваат обид за „мајданизација“ на српското општество и спроведување на сценариото за „обоена револуција“.  Тој изјави дека украинскиот Евромајдан е чин на ослободување од антиевропскиот авторитаризам и на тоа треба да се гледа како пример за борба за идеалите на слободата и демократијата.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, последните настани во земјата ги толкува токму како најава за можна „мајданизација“ на Македонија по парламентарните избори на 8 мај и, според анкетите, убедливиот пораз на владеачката коалиција.

Тој вели дека Курти не случајно се вклучува во борбата за политичко водство меѓу Албанците и во Македонија, а изјавата на Груби за руското влијание во регионот претставува само најава за можна „мајданизација“ и во Македонија по поразот на владеачката коалиција СДСМ-ДУИ на изборите на 8 мај.

„Борбата меѓу Курти и Рама се прошири и во Македонија и тоа е сè повидливо, особено сега, по неговата изјава дека српски структури подготвувале атентат врз него во Македонија, што македонското МВР веднаш го демантираше. Курти тргна да биде диригент и во политичкиот живот на Македонија, па веднаш се наметнува прашањето за стабилноста и соработката во регионот, кои Курти постојано ги нарушува со своето политичко дејствување. Добро е што и Македонија наскоро ќе добие неприкосновен лидер во ликот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој по изборите ќе ги има сите шанси да ги врати работите на почетните политички позиции, бидејќи ќе го врати мирот во секојдневието. Да се отстранат стравовите и да се поттикне соработката и развојот во регионот, наспроти тензиите и дестабилизацијата поттикнати од албанските лидери се иднината на регионот“, напиша вчера на својот фејсбук профил Стоилковиќ.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ