недела, 19 мај 2024

По Аја Софија уште една православна црква во Истанбул стана џамија

По Аја Софија, во Истанбул уште една црква-музеј повторно стана џамија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува турски Сабах, џамијата Карије, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години ќе биде свечено отворена утре, на 6 мај, за верниците.

Најавено е дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, преку видео-врска од Анкара, ќе присуствува на свеченоста.

Православната црква Хора, или црквата на Христос Спасителот, изградена во 4 век, во 1511 година била претворена во џамија.

Во џамија ј преуредил Атик Али паша, еден од великите везири на Бајазит, и од тогаш ја нарекуваат „Атик Али пашина џамија“ и „Карије џамија“. Мозаиците и фреските кои се сметаат за врв на византиската уметност, тогаш биле прекриени со слој малтер.

Со официјална одлука на властите, на 2 август 1945 година градбата добила статус на музеј и претставувала една од најпосетените туристички атракции од византискиот период во Цариград, со Аја Софија и Цистерна Базилика.

Пред четири години, со одлука на Ердоган, повторно е префрлена во надлежност на Претседателството за верски прашања.

Тогаш почнала пренамената на овој значаен историски објект за во неа муслиманските верници да можат да се молат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ