Како што пишува турски Сабах, џамијата Карије, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години ќе биде свечено отворена утре, на 6 мај, за верниците.
Најавено е дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, преку видео-врска од Анкара, ќе присуствува на свеченоста.
Православната црква Хора, или црквата на Христос Спасителот, изградена во 4 век, во 1511 година била претворена во џамија.
Во џамија ј преуредил Атик Али паша, еден од великите везири на Бајазит, и од тогаш ја нарекуваат „Атик Али пашина џамија“ и „Карије џамија“. Мозаиците и фреските кои се сметаат за врв на византиската уметност, тогаш биле прекриени со слој малтер.
Со официјална одлука на властите, на 2 август 1945 година градбата добила статус на музеј и претставувала една од најпосетените туристички атракции од византискиот период во Цариград, со Аја Софија и Цистерна Базилика.
Пред четири години, со одлука на Ердоган, повторно е префрлена во надлежност на Претседателството за верски прашања.
Тогаш почнала пренамената на овој значаен историски објект за во неа муслиманските верници да можат да се молат.