недела, 20 октомври 2024

По 3.000 денари ќе добијат првачињата од општина Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане одвои по три илјади денари за првоодделенците кои тргнаа на училиште во оваа учебна година, соопштија денеска надлежните од општината.

Објавено на

часот

Сподели

До крајот на неделава очекуваме целосно да заврши исплатата на паричните средства. Како доаѓаат родителите со потребната документација, така се исплаќа и помошта. И лани и годинава ги поддржуваме учениците, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

На подрачјето на општина Старо Нагоричане има три основни училишта, „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, каде функционира и ученички дом.

Во прво одделение во оваа учебна година во руралната општина запишани се 21 ученик, од прво до петто одделение, а  во трите училишта има околу 270 ученика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ