Денеска на Вембли Нотингем форест слави промоција во Премиерлигата, по 23 години се враќаат во Премиерлигата.
Клучниот момент се случи во 43. минута кога Колвил си постигна автогол. Тој беше трагичарот за Хадерсфилд.
Враќањето на Нотингем форест е убава вест за англискиот фудбал бидејќи станува збор за легендарен клуб.
Тие двапати биле Европски шампион, еднаш шампион на Англија, двапати го освоиле ФА Купот, а четири пати Лига Купот.