сабота, 27 јули 2024

По 21 година повторно летови Белград-Загреб

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот национален авиопревозник Кроација ерлајнс на лето повторно ќе ја воведе сезонската линија Загреб-Белград, објавува хрватски Вечерњи лист.
Така по 21 година повторно ќе биде воспоставена воздушна врска меѓу главните градови на Хрватска и Србија, која беше прекината со војната.
Воспоставувањето на воздушната линија Загреб-Белград го најави генералниот директор на Кроација ерлајнс Среќко Шимуновиќ на неодамна одржаниот состанок на здруженијата на авиопревозници Стар алајанс во Адис Абеба.
Менаџерите на компанијата и српскиот ЈАТ уште лани преговараа за воспоставување летови помеѓу Загреб и Белград со авионите на хрватската авиокомпанија. Кроација ерлајнс минатата година првпат по војната воспостави линија со Белград, и тоа од Дубровник.
ЈАТ, пак, веќе има летано на релацијата Белград-Пула, а се обидел и да лета меѓу Белград и Дубровник, но поради немањето договор помеѓу двете држави, не успеа во таа намера, наведува Вечерњи лист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ