среда, 30 октомври 2024

По 15 часа заврши жесток конфликт во руски град, елиминирани шест членови на ИСИЛ (ВИДЕО)

Завршена е антитерористичка операција во градот Карабулак во Ингушетија, руска република на Северен Кавказ, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет, пренесува државната новинска агенција РИА Новости.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица соопштија дека за време на операцијата биле „неутрализирани шест бандити“ и дека на местото на настанот е пронајдено оружје и муниција. Според првичните информации, елиминираните милитанти биле следбеници на ИСИЛ.

Русите тврдат и дека нема загинати или ранети меѓу безбедносните сили или цивилното население. Тие наведуваат дека милитантите имале намера „да извршат терористички злосторства од висок профил“. Додаваат дека еден од милитантите бил баран за напад врз полицаец што се случил минатата пролет.

При обидот за апсење, милитантите отвориле оган. Жителите од околните згради биле евакуирани и сместени во спортска сала. Антитерористичката операција започна синоќа во 19:30 часот по московско време, а заврши во 10:30 часот утрово.

ТАСС појаснува дека операцијата била спроведена во реонот на четири улици. Главниот фокус на операцијата била улицата „Осканова“ во делот на станбените згради, односно стан кој се наоѓал на третиот кат од зграда. Потврдено е дека за време на конфликтот биле користени гранати.

На социјалните мрежи објавени се бројни видеа на кои се гледа жестокиот конфликт. Низ градот со часови одекнувале пукотници и силни експлозии. Ура.ру пишува дека активностите на милитантната група биле координирани од странство.

Ингушетија, најмалиот регион во Русија, се наоѓа помеѓу Северна Осетија и Чеченија. Има околу половина милион жители.

Речиси една деценија до 2017 година, руските безбедносни сили се бореа со вооружен бунт предводен од голем број исламистички милитантни групи во Ингушетија, како и во Дагестан и Чеченија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ