Пиварницата губеше околу 10 милиони долари годишно откако корона-кризата значително влијаеше на нејзината работа, според сегашната компанија-сопственик „Сапоро холдингс Лтд.“
Производството е официјално запрено, но пиварницата ќе работи до крајот на месецот и ќе ги дистрибуира преостанатите залихи.
„Анкор бруинг“ е основана 1896 година, кога Ернст Барут и Ото Шинкел Јуниор купиле сала за правеење пиво и за билијард, во Сан Франциско. Првичната локација изгорела во пожар по земјотресот од 1906 година, но погонот бил преместен и компанијата продолжила со работа.