Монца дојде до многу важна победа со која ја вратија надежта за опстанок, триумф над Фиорентина која има пад во формата.
Резултатот го отвори Киуриа пред самиот крај на првото полувреме, тој донесе водство на Монца од 1-0.
Во 63. минута Даниел Малдини зголеми на 2-0 за Монца.
Десет минути подоцна беше досуден пенал за Фиорентина кој го реализираше Белтран, но тоа беше се што направија гостите, конечни 2-1 за Монца.