петок, 18 октомври 2024

Пловечка депонија на Дрина (ФОТО)

Пластичните шишиња, искористените гуми и разниот неоргански отпад создаваат депонија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По Дрина повторно пловат тони отпад.

ЕПА објави серија фотографии од Фехим Демир на кои се гледаат тони отпад, вклучувајќи пластични шишиња, искористени гуми и различен неоргански отпад, како пливаат по Дрина, создавајќи пловечка депонија ѓубре во Вишеград, Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА

Една од најубавите европски реки е претворена во ѓубриште, а сцените не се ништо ново, бидејќи проблемот е актуелен со години – особено во време на обилни врнежи и надојдени води, кога на истата локација се создаваат острови од отпад од различен тип, кои пристигнале во Дринско Езеро од реките и притоките од три земји, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, слевајќи се од водотеците, како и од крајбрежните области со лошо уредени депонии.

Реката Дрина тече 346 километри од планините на северозападна Црна Гора, па низ Србија и Босна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ