сабота, 27 јули 2024

Плодови од гневот на пописот

Академик Божин Павловски, во изјава за МКД.мк за последните случувања со правото за гласање на претседателските избори на дијаспората во Македонија вели дека во цел свет кога се бира шеф на државата, гласаат сите државјани, и тие дома, и оние во туѓина. Но, не и кај нас.

Објавено на

часот

Сподели

„Од плата живеам, да ми умре мајка ако лажам, вели Османи. А буџетот на МНР никогаш не бил толку многу безобразно напумпан. Зошто безобразно? Па затоа што третина од граѓаните живеат во сиромаштија.

Ве потсетува ли на некого она ‘жими мајка’?

Поголем лукавко Македонија не родила. Дали трикот што излезе од неговата кујна ќе му донесе 100 илјади гласови од дијаспората на овие претседателски избори? Кој за време на пописот одеше во европските земји речиси секоја недела? Која е таа дијаспора што си запиша адреса на живеење во РМ? И сега што?

Можеш да си македонски државјанин во туѓина, но ако немаш таму евидентирано адреса – не можеш да гласаш на претседателските избори (парламентарните се друга работа). Дури и на СДСМ да му одговара ова, од страв дека не е омилен кај иселениците, зошто бре итрецу Османи ја исмеваш татковината“, прашува академик Божин Павловски кој живее и работи и во Австралија.

Во цел свет кога се бира шеф на државата. гласаат сите државјани. И тие дома, и оние во туѓина, додава тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ