сабота, 27 јули 2024

Пленковиќ: Ова што го направи Милановиќ е обид за мини државен удар

Премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ оцени дека постапките на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и СДП е обид за мини државен удар и злоупотреба на институциите, истакнувајќи дека Уставниот суд во својот заклучок бил јасен – дека се крши уставот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката е очекувана. Мислам дека претседателот на Уставниот суд беше јасен. Сè она што и ние го кажавме е дека е јасно дека не само што се излегува од уставната рамка на улогата на претседателот, туку дека директно се кршат не само добри обичаи, туку и самиот устав, а тоа и тие го повторија. Не гледам што друго би можело да се каже“, кажа Пленковиќ.

Уставниот суд вчера донесе заклучок дека претседателот Милановиќ, кој во петокот најави своја кандидатура на листата на СДП, не може да биде кандидат на парламентарните избори додека ја врши должноста претседател на републиката ниту да биде истакнуван како кандидат за премиер.

Милановиќ вчера одлуката на Уставниот суд ја оцени како уставен пуч, порачувајќи дека на крајот ќе биде премиер, повикувајќи ги граѓаните да се обединат против ХДЗ.

На прашањето како ќе ја води кампањата против кандидат за премиер кој нема да учествува во кампањата, но кој јасно кажа дека нема да се откаже од тоа, Пленковиќ кажа дека сè она што се случува со СДП во изминатите денови мора да се нарече со вистинските зборови.

„Ова е обид за мини државен удар, злоупотреба на институциите“, кажа Пленковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ