сабота, 27 јули 2024

Пленковиќ остро за Милановиќ: Тој е малиген елемент на политичкиот живот и општеството

Хрватскиот премиер и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ го прозва вчера претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ за штетно однесување, кршење на етичките и правните принципи, за диктаторски манири и, коментирајќи ги последните истапи на Милановиќ во јавноста, кажа дека тој е „малиген елемент на политичкиот живот и општеството“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пленковиќ, одговарајќи на новинарски прашања, вклучувајќи го „препукувањето со пораки и изјави“ меѓу Милановиќ и министерот за море, сообраќај и инфраструктура Олег Бутковиќ, кажа дека Милановиќ е „предводник на кршењето не само на уставот, туку и на општите и основни принципи на уставниот поредок“, пренесува агенцијата Хина.

Милановиќ претходно најави дека, иако ја врши функцијата претседател на државата, ќе се кандидира на парламентарните избори на 17 април, тврдејќи дека ќе стане премиер.

Потсетувајќи на оценката на уставниот суд на Хрватска и други уставно-правни експерти дека Милановиќ го крши уставот, Пленковиќ додаде дека мисли дека во Хрватска повеќе нема некој кој не е свесен „кој е малигниот елемент на хрватскиот политички живот и општеството“.

„Тоа дефинитивно е тој (Милановиќ) кој во билансот на својот мандат не може да се осврне на ништо“, додаде Пленковиќ, оценувајќи дека Милановиќ „нема никакво остварување, никаков резултат“.

„Има само намалена политичка култура, вулгарност, примитивизам, лични навреди за бројни актери“, додаде Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ „ги прекршил сите етички и правни принципи“ и дека „луѓето тоа ќе го казнат“.

Пленковиќ оцени дека уставот го кршат и сите оние кои го поддржуваат Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ