вторник, 22 октомври 2024

Пленковиќ: Наводно уапсениот хрватски шпион е како јети

Претседателот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ изјави дека наводно уапсениот хрватски шпион во Белград е како јети, и дека никој не знае кој е тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела беше објавено дека на подрачјето на Белград е уапсен хрватски шпион, но официјален Загреб сè уште не знае за кого станува збор.

„Би сакале да знаеме кој е тој шпион. Тоа не го знаат ни амбасадата, ни министерот, ни Безбедносно разузнавачката агенција“, кажа Пленковиќ.

По повод минатонеделната посета на Србија на францускиот претседател Емануел Макрон, Пленковиќ кажа дека Французите „таму очигледно имале свој комерцијален интерес“.

Пленковиќ оцени дека Макрон ја посетил Србија сакајќи да го привлече Белград кон Европа, но дека наишол на изјава дека Србија ќе остане неусогласена со надворешната политика на Европската Унија, односно дека нема да ѝ воведе санкции на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ