сабота, 27 јули 2024

Пленковиќ: ЕУ ќе обезбеди 50 милијарди евра за Украина на овој или оној начин

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Давос, каде учествува на годишниот самит на Светскиот економски Форум, кажа дека очекува Европската Унија да обезбеди 50 милијарди евра помош за Украина „на овој или оној начин“.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нормалниот начин би бил сите 27 (држави членки) да се согласат да ја ревидираат повеќегодишната финансиска рамка и да ѝ ја пружат таа помош на Украина“, кажа Пленковиќ за Си-ен-ен.

„Ако една од земјите, како Унгарија, биде против оваа идеја, тогаш ќе најдеме алтернативно решение на кое работи Европската комисија, а тоа е да се најде политички, правен и финансиски договор да се оствари тоа надвор од седумгодишниот буџет на Европската Унија“, додаде Пленковиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е против тоа други да ѝ испраќаат пари на Украина надвор од финансиската рамка на Европската Унија, додаде хрватскиот премиер.

„Станува збор за тоа дека во Европа мора да наоѓате компромиси. Мислам дека ги исцрпивме сите можности за компромис, но најдовме решение, а мислам дека решението е поважно од компромисот“, додаде тој.

Хрватскиот премиер кажа и дека е потребно време за да се стигнат земјите кои со децении живееле во демократија и во пазарни економии и дека „и Хрватите сè уште ги стигнуваат“.

„Сигурен сум дека нашите соседи со помош, особено во вид на економско управување и план за раст кој им е понуден, постепено ќе дојдат во позиција кога ќе им растат економскиот и социјалниот стандард. Ако останат подолго време надвор (од ЕУ), ќе им биде полошо“, оцени Пленковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ