сабота, 27 јули 2024

Пленковиќ ѝ одговори на српската премиерка: Тезите за етнички чиста Хрватска се смешни

Објавено на

часот

Сподели

„Хрватска ги почитува правата на националните малцинства. Потпретседателка на владата е Ања Шимпрага, беше Борис Милошевиќ, присуството на сите претставници на малцинствата во различните сегменти на власта кажува каква е нашата политика. Политика на решавање на отворените прашања, политика на вистина, политика на процесирање на воените злосторства, политика на наоѓање на исчезнатите.

Тезата за тоа дека Хрватска е етнички чиста е смешна. Да сме, тие не би биле во собранието ниту би учествувале во власта. Нашата политика е политика на вклучување, толеранција и помирување, но пред сè преку вистината. Без вистината тешко можеме да одиме напред по големосрпската агресија на (Слободан) Милошевиќ на Србија“, кажа Пленковиќ.

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ синоќа порача дека Хрватите „етнички ја исчистиле Хрватска“ и дека „не постои друга етнички чиста држава во Европа покрај Хрватска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ