Хамбургер победи со 0-1 на првиот натпревар против Херта во баражот за опстанок/влез во Бундеслигата, па вечерва домаќините беа подготвени за славје и враќање во елитата.
Сепак, Херта стигна до триумф од 0-2 и опстанок. Бојата по само четири минути игра погоди по еден корнер, а славјето на домаќините го расипа Платенхард со прекрасен гол од слободен удар во 63. минута.