сабота, 27 јули 2024

Планот на Обединетото Кралство за депортација на бегалците во Руанда ќе биде одложен

Донесувањето на контроверзниот закон на британскиот премиер Риши Сунак за депортирање на бегалците кои пристигнуваат со мали чамци преку Ла Манш во Руанда би можело да биде одложено најмалку до следниот месец, откако Горниот дом ја порази владата и ги обнови повиците за поголема заштита, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата сака да депортира во Руанда илјадници илегални мигранти кои пристигнуваат во ОК секоја година, но правните предизвици досега спречија некој да биде испратен во оваа источноафриканска земја. Шемата за Руанда е дизајнирана да ги одврати мигрантите од опасното патување преку Ла Манш и да ја разбие мрежата на шверцери на луѓе.

Законот е клучен во ветувањето на Сунак да го запре приливот на мигранти и тој се надева дека летовите за депортација ќе ја променат судбината на неговата Конзервативна партија, која значително заостанува зад Лабуристите во анкетите како што се приближуваат изборите.

Неизбраните членови на Домот на лордовите, главно составен од поранешни политичари и владини функционери, во средата по вторпат гласаа за измена на законодавството за да се воведат повеќе заштитни мерки со цел да се заштитат правата на барателите на азил.

Лордовите гласаа за амандмани со кои ќе се бара од министрите да имаат „должно внимание на домашното и меѓународното право“ со што Руанда ќе ја прогласат за безбедна земја само кога ќе се имплементира договорот со Британија.

Поразите за владата значат дека предлог-законот ќе биде вратен во Долниот дом во процес познат како „парламентарен пинг-понг“ каде што двата дома се обидуваат да најдат заеднички јазик.

Заради собраниска процедура, законот најверојатно не може да стапи во сила пред средината на април, сè додека парламентот не се врати од велигденската пауза.

И првите летови за депортација за Руанда се одложуваат бидејќи ќе треба околу еден месец да се организираат првите летови по стапувањето на сила на законот.

Владата претрпе неуспех во својот план да испрати баратели на азил во Руанда минатата година, кога Врховниот суд на ОК ја прогласи политиката незаконска, бидејќи постои ризик луѓето испратени таму да бидат вратени во нивните земји на потекло, со што ќе се загрози нивната безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ