сабота, 27 јули 2024

Планинарење со благородна цел

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и Федерацијата за планинарство на Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областите на креирање и промовирање на планинарската култура, развој на еколошката свест, стимулирање на здрави навики кај младите луѓе и поддршка на децата без родител(и).

Објавено на

часот

Сподели

Според договорот, активностите ќе се фокусираат на организација и имплементација на еднодневни планинарски тури во Македонија, со акцент на најживописните планини и предели. Овие тури ќе бидат од рекреативен и едукативен карактер, промовирајќи грижа за околината и активен начин на живот.

Според Меморандумот, Федерацијата за планинарство ќе биде одговорна за подготовка на календар на тури, обезбедување искусни, сертифицирани планинарски водичи и медицинско осигурување. Сите заинтересирани учесници ќе имаат можност за приклучување на турите преку донирање симболичен финансиски износ, а сите обезбедени средства ќе бидат употребени за школување на деца без родители и за други едукативни проекти на Фондацијата, вклучувајќи теми од област на грижа за околината и безбедност при планинарски активности.

Оваа соработка претставува важен чекор напред во поддршката на активниот начин на живот, заштитата на животната средина и поддршката на децата без родител(и). Веруваме дека заедничките напори на двете организации ќе допринесат кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и зачувување на природните богатства на нашата земја, соопштија потписниците на Меморандумот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ