Според договорот, активностите ќе се фокусираат на организација и имплементација на еднодневни планинарски тури во Македонија, со акцент на најживописните планини и предели. Овие тури ќе бидат од рекреативен и едукативен карактер, промовирајќи грижа за околината и активен начин на живот.
Според Меморандумот, Федерацијата за планинарство ќе биде одговорна за подготовка на календар на тури, обезбедување искусни, сертифицирани планинарски водичи и медицинско осигурување. Сите заинтересирани учесници ќе имаат можност за приклучување на турите преку донирање симболичен финансиски износ, а сите обезбедени средства ќе бидат употребени за школување на деца без родители и за други едукативни проекти на Фондацијата, вклучувајќи теми од област на грижа за околината и безбедност при планинарски активности.
Оваа соработка претставува важен чекор напред во поддршката на активниот начин на живот, заштитата на животната средина и поддршката на децата без родител(и). Веруваме дека заедничките напори на двете организации ќе допринесат кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и зачувување на природните богатства на нашата земја, соопштија потписниците на Меморандумот.