сабота, 27 јули 2024

Пјонгјанг: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот над нас

Северна Кореја го осуди надзорот кој над азиската земја, наводно, го вршат сојузниците на Соединетите Американски Држави, преправајќи се дека го следат спроведувањето на санкциите на Обединетите нации против неа во водите во близина на Корејскиот полуостров, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Севернокорејското Министерство за надворешни работи ги повика Обединетото Кралство, Канада, Германија, Франција, Нов Зеланд и Австралија веднаш да престанат со „очигледната воена интервенција во азиско-пацифичкиот регион“, за која велат дека ја спроведуваат користејќи ги санкциите на ОН како изговор.

„Демократска Народна Република Кореја ќе преземе мерки за темелна одбрана на својот суверенитет и безбедност“, соопшти Министерството за државната телевизија КЦНА, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека во април оваа земја извршила поморски патроли со Велика Британија во водите во близина на Корејскиот полуостров, со намера да обезбеди спроведување на санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ