четврток, 9 јануари 2025

Пјер Полијевар би можел да стане следниот премиер на Канада

Пјер Полијевар, лидер на канадската Конзервативна партија, би можел да биде наследник на Џастин Трудо.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Конзервативната партија со месеци води пред либералите според анкетите, па се очекува тие да можат да формираат нова влада по следните избори.

Полијевар е познат по својата визија за мала влада и ниски даноци. Уште како студент ги искажувал своите идеи за „здрав разум“ во политиката преку есеи. Роден и израснат во Калгари, Полијевар рано покажал политички амбиции, освојувајќи место во парламентот на 25-годишна возраст.

Познат по својата остра реторика, тој ги критикуваше либералните политики на Џастин Трудо, нарекувајќи ги „авторитарен социјализам“ и „воук лудило“. Полијевар ги поддржа протестите против задолжителните мерки за ковид-19, а неговите предлози, како што е укинувањето на данокот за јаглерод, предизвикаа критики за климатската политика.

И покрај поделеното јавно мислење, Полијевар ветува политички промени фокусирани на економијата, безбедноста и имиграцијата, нагласувајќи ја интеграцијата на новодојдените.

Полијевар ги отфрли коментарите на Доналд Трамп, кој сугерира дека Канада треба да стане 51-ва американска држава, ветувајќи дека „ќе ја стави Канада на прво место“. Неговата реторика е насочена кон обичните граѓани, а неговата клучна порака е враќање на традиционалните вредности и зајакнување на „канадскиот сон“, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ