петок, 26 јули 2024

Питон долг пет метри проголтал жена во централниот дел на Индонезија

Питон долг пет метри проголтал жена во централниот дел на Индонезија. Жената била пронајдена мртва во стомакот на питонот, соопштија денеска локалните власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сопругот на 45 годишната жена и жителите на селото Калемпанг во провинцијата Јужен Сулавеси ја откриле во петокот во телото на мрежест питон, пренесува Бета.

Жената, мајка на четири деца, исчезнала во четвртокот вечерта и по неа е започната потрага. Локалните жители ја пребарале областа и брзо забележале „питон со голем стомак“. Одлучиле да и го отворат стомакот на змијата и внатре ја нашле мртвата жена.

Ваквите инциденти се исклучително ретки, но во изминатите години се регистрирани и други случаи Индонезија на луѓе проголтани од питони. Минатата година жителите на областа Тинангеа во југоисточниот дел на Сулавеси убиле осумметарски питон кој задавил и изел локален жител.

Во 2018 година, 54-годишна жена била пронајдена мртва во стомакот на седумметарски питон во градот Муна, во југоисточниот дел на Сулавеси. Во Западен Сулавеси, пак, во 2017 година, питон долг четири метри проголтал селанец на плантажа со палмово масло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ