сабота, 27 јули 2024

Пита од шпагети со пршута и грашок

Објавено на

часот

Сподели

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Зовријте вода во големо покриено тенџере. Додајте ги шпагетите и варете ги 2 минути помалку отколку што пишува на етикетата.

Во меѓувреме, во сад со средна големина истурете ги јајцата, белките, сирењето, млекото, морското оревче, 1/4 лажиче сол, 1/4 лажиче црн пипер и миксирајте. Оставете го садот настрана. Во огноотпорен, нелеплив сад стопете го путерот (маргаринот) на средна температура. Ставете го кромидот и пржете го околу 5 минути или додека да омекне. Тргнете го огноотпорниот сад од оган.

Исцедете ги шпагетите. Во тавата со кромидот додајте ги шпагетите и грашокот; измешајте. Истурете ја смесата со јајцата врз шпагетите и на врвот декорирајте со парчињата пршута.

Ставете го огноотпорниот сад на рингла на средна температура и гответе 3 до 5 минути или додека да се потпечат рабовите. Потоа ставете го во рерна и печете го 15 минути, или додека да се испече и средината.

Преместете ја питата во голема чинија за сервирање.

Состојки:

300 г шпагети

4 големи јајца

2 големи белки од јајца

400 г полумасно сирење рикота

200 мл полумасно млеко

прстофат морско оревче

сол и мелен црн пипер

1 супена лажица маргарин или путер

2-3 кромида, исечени на тенки парчиња

300 г грашок

6 тенки парчиња пршута

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ