сабота, 27 јули 2024

Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што ѝ е потребно за војната во Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што ѝ е потребно за да ја продолжи војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за телевизијата АРД, на прашањето дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината.

„Но она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.

Писториус истакна дека поголем дел од произведеното не се испраќа на фронтот, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.

„Во тој случај треба да можеме да се браниме, да ја водиме војната што ќе ни се наметне. Затоа сега не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ