сабота, 27 јули 2024

Писториус: Германија и НАТО се подготвени да ја поддржат Полска во одбраната на источното крило

Објавено на

часот

Сподели

„Таму каде што на полските партнери ѝм е потребна поддршка, тие ќе ја добијат“, изјави Писториус на прес-конференцијата во Прага што ја одржа со министерката за одбрана на Чешка, Јана Черночова, пренесе новинската агенција Ројтерс.

Писториус рече дека Полска е партнер на НАТО и сигурен НАТО сојузник, „затоа можеме со сигурност да кажеме дека сме подготвени“.

Тој го изјави ова по одлуката на полскиот безбедносен комитет да ги премести воените единици на истокот на земјата поради присуството на припадници на руската приватна воена група Вагнер во Белорусија, пренесе агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ