сабота, 27 јули 2024
ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА  

Писателот Томислав Османли прогласен за „Европска личност за 2022 година“

Објавено на

часот

Сподели

Собирот одржан во просториите на салата „Рагуса“ во Скопје, имаше работен наслов „Иднината на проширувањето на ЕУ во контекстот на се тековните безбедносни предизвици – кои се бенефитите за Северна Македонија и за Европската унија?“. Главен говорник на собирот беше претседателот на државата Стево Пендаровски, а дебата на темата модерирана од амбасадорот Андреј Лепавцов водеа амбасадорите Дејвид Гир шеф на претставништвото на Европската унија во Македонија и амбасадорката Ами Ларсон Џајн од Кралството Шведска, како и претставниците на домашните политички партии Моника Зајкова, Африм Гаши и Тимчо Муцунски. Организатори на настанот се „Европското движење Северна Македонија“, дел од Меѓународното европско движење , „Фондацијата за европски студии Вилфред Мартенс“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Од името на организаторите, претседателката на Европското движење на Северна Македонија проф. д-р Милева Ѓуровска на Томислав Османли му ја врачи Плакетата „Европска личност на годината 2022“.  

Во својата реч Османли, меѓу другото истакна: „Откако паметам за себе си инклузивноста ја сметам за највисоката етичка и социјална вредност. Пред сѐ европската инклузивност. Европа беше мојата перманетна – политичка, авторска и човечка преференција имајќи предвид дека таа беше континент на прогресивни и на млади идеи кои беа толку атрактивни (инклузивни!) во нејзините формативни години, како впрочем и во виталните европски години од минатиот век. Беше тоа време на отвореност, во кое ние од Југославија значи и од Македонија слободно патувавме низ европските земји и во сите нив носевме дел од нашите вредности, а потоа – на истиот начин –  во нашите простори, дух и култура носевме вредности, идеи и творби од европските земји“.

Добиникот на Плакетата за македонска европска личност на годината, заклучи: „Европа на новото време за мене е ревитализирана конфедерација на слободни и еднакви држави и култури, политичка и интеркултурална заедница на општите, на заденичките и на посебните интереси и вредности на државите и нациите, меѓу кои – како и најголемиот дел од моите надежни сограѓани – и самиот за темелна ја сметам – нејзината отвореност и нејзината рамноправна инклузивност!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ