сабота, 27 јули 2024

Пикси и неговиот стручен штаб имаат годишна плата од 8 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто за „НИН“, Видиќ меѓудругото ја откри и висината на примања во српската репрезентација.

Пикси и неговите помошници делат 8 милиони евра годишно, најголемиот дел од парите сигурно оди за селекторот.

„Бидејќи сум член на општината, има пристап до информациите за тоа колку пари се троши во федерацијата. Дојдов до податок дека во последните две години за селекторот и неговиот стручен штаб се потрошени 16 милиони евра. Тоа е осум милиони евра годишно. Дали е во ред да се трошат толку пари ако гледаме дека ние сме млада репрезентација која нема толку голем извор на приходи, зошто да даваме толку многу пари за селектор и неговиот стручен штаб?“, открива Видиќ.

„Тука не навлегувам во квалитетите на Пикси. Зборувам само системски, ако носиме тренери кој работеле во Кина и Јапонија и ги плаќаме толку пари, тогаш кога ќе си замине Драган Стојковиќ и кога ќе треба да донесеме тренер кој работел во најдобрите пет лиги во Европа, колку ќе треба да го платиме?“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ